Најголемата опозициска партија во Грција, Нова демократија и нејзиниот лидер Киријакос Мицотакис го одбија повикот на актуелниот грчки премиер Алексис Ципрас за телевизиски дуел во очи на изборите за Европскиот парламент кој ќе се одржи во мај, пренесува грчкиот весник Катимерини.
„Откако премиерот Алексис Ципрас ќе ги распише парламентарните избори, ќе имаме време за дебати колку што ќе посака“, изјавила портпаролката на Нова демократија Софија Закараки.
За време на митингот на владеачката партија Сириза, на која Ципрас ги најави своите кандидати за европски парламентарци, тој исто така го повика лидерот на најголемата опозициска партија на телевизиска дебата и изнесе шега на сметка на Мицотакис, дека конечно за време на гостувањето на телевизија со него ќе ја достигне гледаноста која доликува на еден шеф на опозиција.
Ципрас исто така изјави дека тоа е вистинска можност да ги соочат фактите, ставовите и аргументите во четири очи без било какво прикривање на вистината.
Comments are closed for this post.