Репортажата на Би-би-си објавена денес во која се зборува за македонското малцинство во Грција, продолжува да ги бранува духовите во таа земја.

Денес лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис директно се обрати до премиерот Алексис Ципрас со зборовите: „Направи го тоа што мораш – објасни директно, категорично и на сите можни начини дека „македонско национално малцинство“ во Грција не постои“.

92-годишниот Фокас кој се претставил како Македонец

Репортажата на Би-би-си преку ликот на 92-годишниот Фокас, инаку правник по професија, го опишува животот на Македонците во Грција во периодот од 100 години. Самиот Фокас вели дека е Македонец, зборува македонски јазик и се чусвтвува за грчки патриот.

Нова демократија по ова не пропушти да каже дека таа предупредувала на последиците од Преспанскиот договор.

Дипломатски извори, на кои се повикува „То вима“ денес тврделе дека Преспанскиот договор не остава никаков простор за поставување на малцинското прашање. Меѓутоа, Биби-си го тврди токму спротивното, а заради тоа на редакцијата по дипломатски канали Атина ќе и испрати протестно писмо.