Наодговорно е однесувањето на македонските туристи во заднината на настаните од последната недела. Ова во утринскиот блок „Доброутро Бугарија“ на Радио „Фокус“ го изјави Емил Нешев, директор на Планинската спасувачка служба на бугарскиот Црвен крст, за спасувањето на петтемина македонски туристи од кои тројца скијачи и двајца сноубордисти.

При спасувањето, на терен работеле шестмина спасувачи од Банско, а барем уште петмина биле активирани околу организацијата за спасување.

Нешев не сакаше да ги коментира финансиските последици од случајот, но го истакна фактот дека тоа е ризик не само за туристите, туку и за спасувачките екипи, како и за доброволците.

Тоа се работи што немаат финансиска цена, објасни тој.