Лидерот на „Независни Грци“ Панос Каменос е убеден дека Договорот од Преспа нема поддршка меѓу Грците. Тој на денешната средба со премиерот Алексис Ципрас побарал да се организира референдум во Грција за Препсанскиот Договор заедно со изборите за Европскиот парламент.

Ние ќе го прифатиме резултатот, веруваме дека 80 отсто од граѓаните не се согласуваат со Договорот. Ние ќе сториме сé за да го спречиме и блокираме овој договор, изјави Каменос.