Премиерот Зоран Заев телефонски му ја честитал победата на старо-новиот бугарски претседател Румен Радев.

Во телефонскиот разговор што го имав со Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, му ја честитав победата на претседателските избори и посакав добробит за нашиот сосед и за целиот бугарски народ. Се согласивме дека Бугарија и Македонија ќе продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина, напиша Заев на Фејсбук.