Претседателот на грќката партија Сојуз на центристичките сили, Василис Левендис, зборувајќи на радиото Тема 104,6 жестоко ја кртикуваше владејачката Сириза, особено денешната посета на премиерот Алескис Ципрас на Македонија.

Зборувајќи за посетата на Скопје, Левендис рече дека е таа нема никаква врска со јавните политики на премиерот, исто како што била и посетата на САД.

Селфи на кое некои му додадоа легенда – „историско“

Зборувајќи за Преспанскиот договор, тој истакна дека „ предавството не е секогаш состојба на свеста, туку и на глупоста“.

„Три осуди имаше во нашата земја во последниве години, на Караманлис, на Јоанидис и третата на Ципрас. На Ципрас Американците му рекоа дека се со него, но ние сме предадени од Американците. Тој им служи на интересите на Трамп и на Меркел“.

Левендис, кој се противи во името на северниот сосед да постои зборот Македонја, смета дека Преспанскиот договор ќе се поништи.

„Тоа е предавство на Грција. Му реков да не го валка името на семејството како предавник. Мислам дека на Ципрас и на Козијас еден ден ќе им се суди“, изјави претседателот на Сојузот на центристичките сили.