Документ  на десетина страни во кој детално е опишано како 3,5 милијарди марки се изнесени од Србија за време на владеењето на Слободан Милошевиќ се чувал во Москва. Документот го чувал неговиот брат Мирослав кој се до смртта живел во Русија. Парите преку „Беобанка“, тогашната водечка банка,  завршиле на Кипар.

Останатата документација била уништена од луѓето блиски до Милошевиќ.

-Во таа документација голем дел заземаат финаниските извештаи за нелегални транскации. 90 проценти од документацијата е уништена освен таа една книга која наликува на папка или тетратка. Во неа се впишани само најосновните податоци колку пари се изнесени од Беобанка во Србија-открива разузнувачот Божидар Спасиќ.