Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва заедно со премиерката Ана Брнабиќ го прошетаа Ковачевски по кејот на Сава за да види колку е изграден Белград. Ковачевски се пофали од тоа што го видел.

Драго ми е што вечерва сум гостин на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на премиерката Ана Брнабиќ. Мојата посета ја започнувам со пријатна заедничка прошетка низ убавото шеталиште покрај Сава во Белград. Споделивме размислувања за цврстото пријателство, соработката, партнeрството меѓу нашите две земји како и визијата за иднината на Западен Балкан“, вели Ковачевски.