Некогашниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ денес пред во Хашкиот трибунал е осуден на доживотна казна затвор.

Караџиќ во 2016 година првостепено беше осуден на 40 години затвор заради геноцид во Сребреница и злосторства сторени во Босна и Херцеговина.

Изречувањето на конечната пресуда почна во 14 часот, а пренос од судницата во Хаг одеше со 30-минутно доцнење.

Жалбениот совет на Хашкиот трибунал денес ги одби сите точки од жалбата на Караџиќ, а прифати само една делумно. Она што е најбитно е што му беше потврдена казната за геноцид, и казНата затвор од 40 години му се преиначува во доживотна.

Жалбениот совет ја уважи жалбата на Канцеларијата на обвинителите дека првостепениот совет погрешно ја проценил отежнувачката околност во однос на обвинетиот Караџиќ.

Доколку беше потврдена првостепената пресуда, обвинетиот во склад со судската пракса на МКС имаше право да бара да биде пуштен на слобода после 26,6 години, односно две третини од казната 40 години затвор.

Во моментот на пресудата за Радован Караџиќ во судницата можеше да се слушне аплауз.

Со конечната пресуда се затвора еден од најважните случаи пред Хашкиот трибунал кој практично се водеше од 1995 година.