Еден од најпознатите хашки затвореници денеска ја дозна конечната хашката пресуда. Но, малкумина знаат како всушност падна Радован Караџиќ.

Тој речиси десет години се криеше во Белград под друг идентитет. Караџиќ се преставуваше како доктор Драган Дабиќ, доктор по медицина, со посебна специјалност на масажа и психотерапевт.

Тој целосно го промени својот имиџ, пушти долга коса и брада, а на крајот се покажа дека ќе го открие и однесе во затвор.

Агентка на Безбедносната агенција на Србија дошла кај него на масажа и за време на третманот му откинала влакно од брадата.

Парчето било однесено на ДНК анализа по што бил откриен неговиот идентитет и уапсен.