Полицијата во Виена соопшти дека четири лица загинале кога мал спортски авион се урнал во Лунгау, централна Австрија.Авионот летал од Загреб за Салцбург.

Авионот Цирус СР-20 полетал од главниот град на Хрватска нешто пред 14 часот, додека дестинацијата бил аеродромот во Салцбург. Околу 15:45 часот авионот паднал во шума на непрооден планински гребен.Службите за итни случаи успеале да стигнат до остатоците од авионот кога патниците веќе биле мртви. Жртвите се уште не се идентификувани. Не е позната и причината за несреќата.

Државната канцеларија на криминалистичката полиција во Салцбург ја презеде истрагата и повика експерт за воздушни несреќи. Државниот обвинител нареди одземање на остатоците од авионот и обдукција.