Портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчиќ во изјава за дневниот весник Коха рече дека Приштина и Белград мораат веднаш да се вратат на преговарачката маса и да постигнат сеопфатен, правно обврзувачки договор за целосна нормализација на односите.

Тоа вели би било најдобриот начин да се гарантира дека целиот регион ќе има корист од помирувањето, а тоа е корисно за регионалната интеграција и економскиот развој, изјави Коцијанчиќ за Коха.нет.

Според неа, државите членки на ЕУ, но и САД, ја повикуваат владата на Косово да ги укине царинските тарифи од Србија.

Нема алтернатива за забрзување на продолжението на дијалогот меѓу двете страни. Царината на производите не се единствената причина за блокирање на дијалогот, туку и за блокирањето на косовскиот европски пат, истакна Коцијанчиќ.

Таа додава дека и Србија треба да го исполни својот дел од работата со што би се поплочил патот за дијалог.

Ставање крај на процесот и нормализација на односите Косово – Србија е итен не само заради актуелната ситуација која предизвикува несигурност, туку и заради тоа што пропуштаат прилики, констатира Коцијанчиќ.

Портпаролката на ЕУ смета дека минатата средба во Берлин и претстојната во Париз би можело да бидат добра прилика за регионот.

Го поддржуваме секој напор, посебно оној кој е во корист на дијалогот под водство на ЕУ.

Низ тој дијалог, Белград и Приштина одлучуваат да ги остават на страна своите несогласувања и да бараат одржливо решение, смета Коцијанчиќ.