В недела во Грција се одржуваат европски избори, но и локални, а во фокусот, како и секогаш е Атина, главниот град на државата. Весникот „Ефимерида“ се враќа назад во историјата и објави текст за тоа кога за прв пат се спровеле извори за градоначалник на Атина. Всушност, тоа и не биле избори какви што ние денес познаваме – немало директно гласање, туку одобрение од тогашните власти. И сето тоа се случувало во времето на баварскиот принц Ото Први, кој се прогласи за Крал на Грција, а претходно прогласи независна држава Грција, која до крајот на Балканските војни била под отоманска окупација и власт.

Така, според документите на кои се повикува „Ефимерида“, локалните избори во Атина се одржале во 1835 година, а за прв градоначалник бил избран Алекос Лидоракис, од Пелопонез. Градоначалникот не бил избран од народот, туку од Градскиот совет, оти тогаш така било во Грција. А, власта во Атина, како и во таканаречената држава Грција, име кое го избрал Ото Први, била во раце на Баварците.

Но, колку жители имала Атина во таа година?

Според пописните книги од тоа време, Атина немала повеќе од 14.000 жители.

А, новиот градоначалник на престолнината требало да се нафати со значајни инфраструктурни проекти, како што биле изградба на општинска куќа, на болница, водовод и осветлување на градот, кое било направено со газиени ламби. За сите инфраструктурни проекти биле ангажирани баварски инженери.