Според пишувањата на италијанските медиуми, премиерот на Италија, Џузепе Конте, поднел оставка.

Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите на владата утрово, а потоа, според протоколот, тоа официјално ќе му го соопшти на претседателот на Републиката, Серџо Матарела.

Медиумите пишуваат дека премиерот во оставка ќе се обиде да спроведе „пилотска“ криза, доколку претседателот на Републиката му довери трет мандат и формира нова влада што ќе има поцврста политичка основа меѓу парламентарните партии.

Додека не се формира нова влада, сегашните членови на владата во оставка ќе ги извршуваат потребните задачи.

Централно-левичарските партии што ја сочинуваа претходната коалициска влада, Демократската и Движењето Пет Sвезди, се залагаат премиерот во оставка Конте, да ја формира и следната влада.

Такво е расположението и на луѓето. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Џузепе Конте е најпопуларниот премиер во последните 20 години и дека 46 проценти од анкетираните сакаат тој да продолжи да ја води извршната власт.