Илјадници имигранти од Сирија пристигнале во Измир, Турција, од провинцијата Идлиб и сакаат да преминат во Грција, предупреди во телевизиско обраќање заменикот министер за граѓанска заштита, Џорџ Кумуцакос.

Грчките медиуми потсетуваат дека турскиот претседател Таип Ердоган неодамна предупредил дека ќе ги отвори границите за сириските бегалци доколку не добие дополнителна помош. Ито така тој бара поддршка за планот да насели повеќе од еден милион сириски бегалци во таканаречена безбедносна зона креирана од Турција во Сирија.

Кумуцакос ја информираше јавноста дека Грција ги засилила поморските контроли „но оти е невозможно да го запечати“ морето. Тој додаде дека има влегувања од исток и нула излези од северната граница, односно Македонија.

Во моментов Грција разгледува околу 70.000 молби за азил.