За две недели од пред хотел во Софија лоциран во четврта „Драгалевци“ се украдени два автомобила од марката „порше“ во вредност од 150.000 евра. Но, тоа што го забележуваат бугарските медиуми е фактот дека кражбите снимени и на безбедносни камери се извршени во рок од само една минута!

Според сопственикот на хотелот Кристијан Петров, двата украдени автомобила „порше панамера“ биле украдени на 5 и 18 септември, во 3 и 4 часот по полноќ. Нивните сопственици биле гости во хотелот. Крадците, пак, и во двата случаја се исти, што се препознава според тоа дека доаѓаат со ист автомобил.

Автомобилите не се скршени. Крадците користеле иста програма со која се пронајдени фреквенциите на далечинските клучеви и автомобилот се отвара без проблеми. Едниот автомобил е со софиски, а другиот со странска регистрација, вели Петров.

Според него, крадците успеале да ги отворат автомобилите за околу една минута. И во двата случаја вработените во хотелот ја известиле полицијата само неколку минути по кражбите, но резултати од истрагата се уште нема. Токму тоа е причината Петров да го афирмира случајот преку бугарските медиуми, зашто смета дека вакви кражби се недозволиви за една европска престолнина.

Видеото од кражбата погледнете го тука.