На лидерите на Неа Демократија и на Сириза за составување на влада ќе им биде неоходна поддршката од малата партија „Грчко решение“. Неа ја предводи десничарскиот лидер Кирјакос Велопулос.

Тој има 57 години и  е познат ТВ водител во Грција чии емисии имаат милионска гледаност. Неговата партија влезе во Парламентот во 2019 година и на овие избори Ципрас и Мицотакис ќе ја бараат неговата поддршка за да состават влада.