Слободан Негиќ, таткото на девојчето кое почина во основното училиште „Владислав Рибникар во исповед за српски „Курир“ вели дека мора да каже што се случувало во училиштето по масакрот и оти се уште е рано остнатите деца да се вратат на на настава.

Негиќ раскажа настан кој се случил пред неколку дена под покровителство на ова училиштето.

Докторот кој по трагедијата бил испратен во „Рибникар“ за да им помогне на децата и родителите ги внел децата во канцеларија и им пуштал народна музика и им рекол дека треба да се поврзат со духовите и душите на нивните починати пријатели.