Бугарската влада ќе се спасува по македонско сценарио. Најмалку пратеници на партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов најавија дека ја напуштаат партијата и ќе делуваат како независни пратеници.  Николај Радулов, Светлин Стојанов, Иво Атанасов Ивајло Христов, Деан Петков, Христинка Иванова и Георги Георгиев е имињата на пратениците кои му откажаа љубов на лидерот Трифонов. Проблематична е пратеничката Викторија Василева која се предомислува.

Тој вечерва ќе се обиде да ги разбеди да ја променат одлуката но шансите за тоа се мали. Оваа ситуација во Бугарија е речиси идентична од она што се случуваше во Македонија кога се гласаа уставните измени за промена на името.

И кај нас се одметнаа осумина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за промена на уставното име Република Македонија“.

Сега и Бугарија ги доби своите  Владанка Авировиќ, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Елизабета Канческа Милевска и Емилија Александрова.

Што значи одметнувањето на пратениците

Ова во пракса значи дека доколку дојде до гласање за доверба на владата на Кирил Петков таа ќе преживее и дека одметнатите пратеници ќе гласаат да опстане. Владата на Петков е сериозно размрдана поради финансиската криза во Бугарија но и поради Македонија.