Голема успех постигнаa Хрватска и хрватската дипломатија. Во Стразбур на летната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа хрватската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Марија Пејчиновиќ Буриќ е избрана за генерален секретар на Советот на Европа.

Таа ќе го замени Тјорборн Јагланд кој функцијата ја извршуваше во два врзани манадати.

Пејчиновиќ Буриќ успеа уште во првиот круг на гласањето спроведено синоќа да обезбеди апослутна поддршка – за неа гласаа 159 пратеници, додека противкандидатот од Белгија, Дидие Рејндерс доби 105 гласови.

Мирјана Пејчиновиќ Буриќ е само втора жена во 70-годипната историја на Советот на Европа која ќе ја извршува функцијата генерален секретар.