Од Владата на Хрватска си заминуваат министерката за регионален развој и фондови на Европската унија Габриела Жалац, министерот за земјоделство Томислав Толушиќ и министерката за социјална политика Нада Мурганиќ, соопшти ХДЗ после вчерашниот состанок.

Сменетите министри го напуштиле седиштето на партијата, јавија хрватските медиуми.

Хрватскиот министер за државен имот Горан Мариќ во понеделникот поднесе неотповиклива оставка и рече дека ниту еден ден на местото министер не го поминал во мирни услови.

Работев во програмирани околности во кои станав цел. Ова е медиумска оркестрација…не сум во состојба да прифатам невидени удар врз достоинството, мирот и интегритетот на моето семејство“, рече Мариќ.