Косовскиот премиер Рамуш Харадинај соопшти дека српската полиција на преминот Јариње уапсила двајца припадници на Косовските безбедносни сили, Ален и Анел Ујкановиќ.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека нивното приведување е неприфатливо и побара итно ослободување.

Вакви случаи потсетуваат на режимот на Слободан Милошевиќ, кој веројатно и понатаму опстојува кај нашиот северен сосед, напиша Харадинај.