Косовскиот премиер Рамуш Харадинај рече дека идејата за поделба на Косово е стара еден век и дека доаѓа од „кујната на Србија“, пренесува РТС“.

„Идејата со границите на Вучиќ, Дачиќ и кој и да биде, стара е еден век и тие речиси цел век ја подготвуваат идејата за поделба на албанската територија, истакнува Харадинај.

Тој сега верува, вели, дека тие разбрале „дека никој не може да ја подели територијата на Косово“.

„Тие ако сакаат може да ги менуваат соседските односи, но не и да менуваат граници на Балканот“, рекол Харадинај на конференција за медиуми во Приштина по седницата на владата.

Харадинај смета дека „политички ќе бидат погребани сите кои одат по патот на границите“.