Со казна од 1500 евра се соочуваат возачите на секаков вид јавни возила во Грција, таксисти, возачи на автобуси, доколку пушат додека возат, дополнително им се одзема возачката дозвола на еден месец.
Ова го предвидува новиот закон во најава на грчката влада која и по изборот продолжи силно да се заложува за целосно спроведување на законот за забрана на пушење на јавни места.
Дополнително, со новиот закон се предвидува казна за возачите, но и совозачите, кои ќе пушат во присуство на дете до 12 години, без разлика дали возилото е јавно или приватно, пишува „То Вима“. Казната е 1500 евра, а за шоферите од јавниот превоз се удвојува, односно тие ќе треба да платат 3000 евра.
Министерство за здравство на Грција веќе издаде циркуларно писмо во кое објаснува каде треба да се применува конкретниот закон, а грчките медиуми објавуваат дека веќе се испратен и нови насоки со предвидените казни за пушење цигари во автомобили.
Забраната за пушење на јавни места се однесува и на електронските цигари.
Comments are closed for this post.