Рано утрово заврши пренесувањето на околу 1.500 бегалци и мигранти од грчкиот остров Лезбос во Солун, откако и вториот брод пристигна на солунското пристаниште, jави МИА од Атина.

Според Министерството за цивилна заштита на Грција, 1000 лица ќе бидат сместени во веќе посотечкиот прифатен центар Неа Кавала кај Кукуш, на околу 15 километри од границата со Македонија, а останатите мигранти и бегалци ќе бидат распределени во други центри низ северна Грција.

-Сместувањето на бегалците и мигрантите во центарот Неа Кавала е привремено и пред крајот на месецот ќе бидат префрлени во нов центар, чија изградба се завршува, соопштуваат од надлежното министерство.

Во текот на вчерашниот ден пристигна првата група, од над 600 бегалци и мигранти со првиот брод од Лезбос за Солун, а со 21 автобус беа пренесени во прифатниот центар, а утрово, стигна и вториот брод со над 800 лица. Бегалците се сместени во шатори, а интересно е што до сега ниту еден грчки медиум не објави фотографија од импровизираниот камп.

Префрлањето од пристаништето во Солун во прифатните центри, се врши во соработка со Меѓународната организација за миграција и за време на патувањето, обезбедена е поддршка за бегалците и мигрантите.

Пренесувањето на бегалци и мигранти од островите во други центри е една од седумте мерки што во саботата беа донесени на вонредниот состанок на владиниот совет за надворешна политика и одбрана на Грција одржан во премиерската палата.

Инаку, медиумите објавуваат дека состојбата во кампот Мориа на Лезбос и натаму е критична, зашто е премал по капацитет за да ги прими неколку илјади бегалци. Од друга страна се јавува дека владата во Атина е под сериозен присиок зашто очеуива наскоро голем неконтролиран бегалси бран од Турција и за тоа е во постојан контакт со Брисел и со Берлин.