Јас се шишам сам и можам да се потшишам и пред вас за да ви покажам. За жал, мојата фризура е едноставна.

Со овие зборови бугарскиот премиер Бојко Борисов ги коментираше пред новинари обвиненијата упатени кон него дека испратил луѓе да ја следат народната правобранителка Маја Манолева додека таа правела фризура.

До ден денес знам дека пред некоја жена да се појави на телевизија треба да оди да и направат фризура. Така што нема нешто понормално од тоа да одиш на фризер. Тоа е почитување и кон себе и кон другите луѓе. Многу сакам да имам фризер, но нема што да ми фризира, изјави Борисов.