Грција не се откажува од барањето да добие воена оштета . Како што пишуваат медиумите, властите сметаат дека постојат правни основи да се бара воена репарациа поради нацистичката окпација во Втората светска војна.

Дури и пресметале дека оштетата треба да изнесува една милијарда евра. Но Германија не мисли така. Според нив, работата е завршена откако во 1960 година на Грција и исплатиле 115 милиони тогашни германски марки.