Косовскиот премиер Рамуш Харадинај не доби виза да отпатува во САД. Властите во Вашингтон не не му одобрија да отпатува на конференција за Балканот која ќе се одржи на почетокот на февруари, објави „Ал Џезеира“.

Како што тврди телевизијата, причина за неиздавањето е притисокот што Стејт Департментот сакаат да го направат врз властите во Приштина да ги повлечат високите такси за српските производи.