Грчките медиуми објавија фотографиите на кои има повеќе луѓе, при што никој не носи маска ниту е на физичко растојание

Од владата го правдаат дека не сакал да ги одбие луѓето што сакале да се фотографираат со него.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се најде на удар на јавноста откако беа објавени фотографии во медиумите и на социјалните мрежи на кои се гледа како тој и неговата сопруга возат велосипеди за време на забраната за движење, која ја донесе владата на чие чело е тој.

Тие возеле низ шума, оддалечена околу час и половина од Атина со автомобил, а на фотографиите има повеќе луѓе, при што никој не носи маска ниту е на физичко растојание, ги пренесува „Политико“, пишувањата на грчките медиуми.