Во Загреб падна првиот снег. Хрватската метрополо почна да се „белее“ попладнево, а според очекувањата на метеоролозите, снегот ќе паѓа до утринските часови во четврток.

Освен во Загреб, снег паѓа и ширум Хрватска, а најмногу во Лика и Горски Котор, каде што снежните наноси веќе предизвикуваат проблеми во сообраќајот.

Од Хрватски автопатишта (ХАЦ) испратија предупредување до возачите да го прилагодат возењето на сложените услови на патиштата, а особено препорачуваат да не ги претекнуваат машините за чистење снег пред кои секогаш патот е неисчистен

Возачите не се свесни колку таквиот потег е ризичен и опасен за нивната безбедност – велат од ХАЦ, повикувајќи ги возачите пред да тргнат на пат да ја проверат состојбата на патот.