Грчките медиуми објавија фотографиите на кои има повеќе луѓе, при што никој не носи маска ниту е на физичко растојание
Од владата го правдаат дека не сакал да ги одбие луѓето што сакале да се фотографираат со него.
Όσοι πήραν πρόστιμο για παράνομη μετακίνηση, πώς να νιώθουν τώρα; #Μητσοτακης #Μαρέβα #Πάρνηθα pic.twitter.com/HsdoAm76Y8
— sitarcos (@sitarcos) December 1, 2020
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се најде на удар на јавноста откако беа објавени фотографии во медиумите и на социјалните мрежи на кои се гледа како тој и неговата сопруга возат велосипеди за време на забраната за движење, која ја донесе владата на чие чело е тој.
Тие возеле низ шума, оддалечена околу час и половина од Атина со автомобил, а на фотографиите има повеќе луѓе, при што никој не носи маска ниту е на физичко растојание, ги пренесува „Политико“, пишувањата на грчките медиуми.
Comments are closed for this post.