Во тек е голема полициска акција во центарот на Атина, објави „Ефимерида“. Станува збор за претрес на четири згради во кои живееле имигранти.

Десетици полицајци прочешлале четири згради во близина на плоштадот Егзархија, познато собиралиште на имигранти и притоа пронашле околу 130 имигранти, повеќето од Сирија. Имигрантите се иселени од објектите, а на сопствениците на становите полицијата им поднела казни.

Полицијата соопштиле дека во претресите на становите се барало дрога и оружје и оти неколку лица се уапсени, но не се наведува дали заради тоа. Во акцијата полицијата користела и хеликоптерска поддршка.

Акцијата имала за цел да удри во срцето на шверцерските групи и да воспостави контрола врз областа.