Сретко Калиниќ (49), главниот убиец на Земунскиот клан, се ожени во затворот Забела во Пожаревац со 22 години помлада сопруга.

Калиниќ се омажи во воена униформа, додека невестата носеше свечен беж фустан. На свадбената церемонија одржана во Забела кум бил Рамбо.

На Калиниќ не му е проблем што детето ќе порасне без татко уште дваесет години, времето што му остана да служи во Забела, па од затвор вели:

– Кога некои луѓе можат да имаат деца на 83 години, претпоставувам дека можам и јас на 49 години! Уверен сум дека ќе живеам уште долго и по затворот!.

Тој пред неколку месеци напиша и книга во која ги опиша затворските денови.