Коста Кецмановиќ  момчето-убиец што го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ знае дека е први септември и почетокот во новото училиште се ближи годината.

Како што дознава порталот „Republika.rs“, тој дивеел претходните денови на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци каде што е сместен и хистерично барал да оди на  часови.

Не му се допаѓа идејата да има онлајн часови, туку сака да има часови во живо.

Со часови бил хистеричен и повторувал како мора да има часови, како да учи. Не сакал снимени предавања,  туку  сака наставници. Исфрли некои тези за неговите права, за тоа дека е малолетник и повтори дека немаат право на кој било начин да го казнат, па затоа и да му го ускратат училиштето – пишува „Република.рс“.