Црногорскиот претседател го уништил дотогаш единствениот „которски клан“, кој не можеше да го држи под контрола и предизвика војна која досега однесе 60 животи.

Оперативните податоци собрани низ годините даваат основано сомневање дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ е вистинскиот шеф на мафијата, која потекнува од оваа земја, а се разгранува во регионот и во целиот свет.

Ова го покажуваат документите на црногорските безбедносни служби во кои имале увид „српски Телеграф“  и во кои се нагласува дека се уште нема докази за овие сомнежи кои би довеле до судска постапка, но дека се укажува дека Мило е во врска со најсилните европски и латиноамерикански нарко-картели.

Поради неможноста да се стави под контрола тогаш единствениот „которски клан“, донесена е одлука за негова поделба. Поради оваа причина, доверливиот на Мило, Брано Миќуновиќ, организирал кражба на неколку стотици килограми кокаин во Валенсија (Шпанија) во 2014 година со цел да предизвика конфликт и раскол меѓу клановите Шкалјар и Кавач – се тврди во документот.

Мило тогаш се стави на страната на Кавачкиот клан. Но пред неколку денови премиерот Абазовиќ објави фотографии во кои актуелниот претседател на државата е со членови на соперничкиот Шкаљарски клан