Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека европските претставници ја повикуваат Србија да биде „на вистинската страна на историјата“, што, како што кажа, нема врска со аргументи, додавајќи дека земјата „ќе биде во голема неволја“ доколку не воведе санкции кон Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

Деновиве Белград е како во Казабланка, бидејќи „кога има гости од Русија, се откриваат оние од западните служби кои ги следат, и исто кога се тука луѓе од Запад, следени се од истокот, рече Вучиќ на одбележувањето на Денот на Безбедоносно-информативна агенција (БИА) и 20 години од формирањето на оваа разузнавачка агенција.

Денес живееме во време кога активноста на службата е најважна, особено кон надворешниот фактор, нагласи Вучиќ.

Ако мислите дека е доволно Србија да каже дека утре ќе воведе санкции кон Русија, не, пет дена, шест дена ќе не тапкаат по рамо. Денеска тоа им служи да не удираат со стап и чекан по сите форуми, бидејќи не можат тоа да им го направат на посилни и појаки, туку на малата Србија. Па ќе ни прават нас се она за што ја обвинуваат Русија дека им прави на другите. Не би било тоа доволно, верувајте ми. На крајот на краиштата, после се би рекле: ‘Или си за иднината или сакате да бидете на вистинската страна на историјата“… А таа вистинска страна на историјата нема многу врска со аргументите, туку дека сте на нивна страна. Ако не сте на нивна страна, тогаш не сте на вистинската страна на историјата, рече Вучиќ, и се осврна на тоа што значи „вистинска страна на историјата“ од гледна точка на Западот.

Вистинската страна на историјата ви вели да се откажете од Косово и Метохија, бидејќи само така ќе добиете мал подарок, иако нема да ви кажеме точно каков ќе биде тој мал подарок, но сепак ќе биде мал. Ако само помислите да го одбиете самоукинувањето, тогаш сте во проблем. Денеска никој не ми се заканува мене како на Александар Вучиќ поради функцијата претседател на Србија, тие отворено се закануваат на целата наша држава и на нејзиниот опстанок, рече Вучиќ.

Според него, Србија ќе ги укине визите што ги бара ЕУ поради мигрантите.

Нема проблем, ќе ги укинеме визите. Нема проблем, ќе се усогласиме. Проблемот е во Србија? Дали мислите дека тоа ќе биде доволно? Нема ни вест да бидеме за тоа. Дали треба да воведеме санкции затоа што ним им пречи што постои земја која сака да има слободно мислење и која никого не загрозила, праша Вучиќ.

Вучиќ додаде дека ако има друга земја во неволја, тогаш и на нив им е полесно.

Во последните 23 години не сме биле во толку тешка ситуација, а никому ништо да не направивме, заклучи Вучиќ