Нема есенва да има отворање на преговори за членство на ЕУ со Албанија, тврди експертот Флоријан Бибер, кој е во Европската советодавна група за Балканот (БиЕПАГ). Според Бибер, во октомври Албанија нема да почне преговори.

Како возможно сценарио, според него, е почеток на преговори само со Македонија.

Бибер смета дека моменталната криза во Албанија се користи како аргумент во некои земји, како Франција или Холандија, на пример, за да се попречи европскиот пат на земјата.

Експертот порача дека сите политички партии се одговорни за моменталната состојба во Албанија.