Премиерот Алексис Ципрас вчера најави дека кога нашата земја и официјално ќе стане членка на НАТО, Грција ќе го штити воздушниот простор.

Тоа е вообичаена практика во рамките на НАТО за земји кои немаат своја авијација, како што е Македонија, но и други земји во регионот како на пример Албанија и Црна Гора.

Според црногорските медиуми, Црна Гора за тоа ќе плаќа над 400.000 евра, додека Ципрас нагласи дека тоа ќе го прават без надомест.

Станува збор за т.н „паметна одбрана“, кој подразбира дека во недостиг од одредени средства или опрема на одредена земја тие можат да ѝ бидат на располагање на земјата од сојузниците доколку истата таа го побара тоа.

Македонските авиони одамна се приземјени а на располагање имаме само хеликоптери за ниски висини.

За разлика пак од нас, Грција има една од најсилните авијации во регионот.Во нивната флота има околу 300 авиони и тоа „Ф-16 Фајтинг“, француските „Мираж“, „Ф-4 Фантом“, како и авиони за поморско патролирање „Локид“.

 

Мотото на грчкото воено воздухопловство е „Секогаш доминирај со висините„ со амблем на орел во боите на грчкото знаме