Титовата пештера во Дрвар ќе биде затворена за посетители на неодредено време бидејќи одрон ја уништил дрвената барака.

„Дел од Титовата пештера, поточно дрвената барака која е во склоп на Спомен комплексот 25 мај 1944 е уништена заради одрон на карпа“ изјави началничката на општината Душица Руниќ.

Титовата пештера е обновена и отворена за туристи во 2006 година

Руниќ нагласи дека општината Дрвар е во тешка финансиска ситуација и дека нема средства за санирање на штетата, како и дека за помош се обраќале на федералните и кантоналните институции, но не наишле на разбирање.

Станува збор за едно од најзначајните историски места на партизанската епопеја во текот на Втората светска војна, каде престојувал Јосип Броз Тито кога на 25 мај 1944 година германските сили извршиле десант на Дрвар, во обид да го заробат или ликвидираат врховниот командант на партизанските единици.

Тито со членовите на Врховниот штаб пред пештерата во Дрвар, мај 1944

Титовата пештера, по последната војна во БиХ годишно ја посетуваат од 5.000 до 10.000 туристи.

Пред распадот на СФРЈ годишно ја посетувале 200.000 туристи, а оваа дестинација некогаш претставувала неизбежно место за посета на многу ученички излети, екскурзии и туристички тури низ Југославија.