Хрватска се соочува со една од најлошите сезони од воениот конфликт во деведесеттите години. Цените се навистина високи дури и за оние со поблабок џеб. Хрватите и странците негодуваат од навистина високите цени.

Хрватската телевизија РТЛ дури ги повика гледачите да ги сликаат фискалните сметки и да ги испратат до нив за да се влијае на угостителите дека претерале.

Еспресо кафе на Јадранот чини 4.5 евра, локално пиво 5, парче пица 7, а пак порција лигњи на жар за 15.