Канцеларката на Европската унија за Косово соопшти дека Приштина ги има исполнето сите услови да добие визна либерализација за својте граѓани. Конечната одлука е на државите членки на ЕУ, а високата претставничка Федерика Могерини на состанокот во Хелсинки оцени дека е дојдено време да се одлучи за укинување на визите за граѓаните на Косово, пренесува Зери.

Канцеларијата на ЕУ, одговарајќи на прашање на весникот за укинувањето на визите, соопшти дека Могерини изнела уверување дека е време граѓаните на Косово да добијат визна либерализација, но во исто време, се додава во одоворот, важно е Приштина да покаже континуирани напори во почитувањето на владеењето на правото, контролата на миграцијата и безбедноста во земјата.