Во Албанија денес почна новата учебна година, а во училишни клупи годинава за прв ќе седнат 24.000 првачиња.

Медиумите објавија дека вкупниот број ученици во основните училишта е 272.000, додека во средните се запишани 90.000.

Денес сообраќајната полиција беше ставена на готовс за да се грижи за безбедносна на децата во услови на зголемен  сообраќај.

Во Албанија школската година за основците ќе заврши на 12 јуни 2020, додека за повисоките училишта една недела подоцна.