Претседателот Реџеп Таип Ердоган ја потпиша одуката со која Турција официјално основаше Национална вселенска агенција, јавува Анадолија. Според должностите и овластувањата кои се наведени во одлуката, агенцијата како правен субјект, ќе има административна и финансиска автономија и посебен буџет.

Мисија и обврска на Вселенската агенција на Турција ќе биде развој на конкурентска вселенска и воздухопловна индустрија, проширување на употребата на вселенски и воздухопловни технологии, во согласност со националните интереси и просперитет на друштвото, јакнење на капацитетите и способностите, градење постројки и технологија која ќе овозможи независен пристап до вселената.

Турција од 2000 година се фокусираше на вселенската технологија, произведувајќи сателити за надгледување. Во тој период прозведени се турските сателити „Билсат“, „Расат“ и „ГокТурк2“ од кои некои се веќе седум години во вселената.

Турција во 2014 година започна со проектирање на сателитите „Имеце“ и „Турксат 6А“ кој ќе нуди комуникациски услуги на широка област од Европа до Индија.

Моделот на овој сателит ќе биде готов до крајот на 2020 година.