Косово се наоѓа пред тензичен ден откако за утре во Парламентот е закажана седницата за формирање косовска војска.И покрај апелите од НАТО и ЕУ, властите во Приштина по секоја цена се решени да ги транссформираат безбедносните сили во војска.

Најавата предизвика многу тензии, па така денеска на Газиместан се пронајдени 15 килограми експлозив, а пак албанскиот дел на Митровица е излепен со плакати за мобилизација на кои пишува „Една крв, еден јазик, една држава“.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи носејќи униформа на Безбедносните сили ја посети касарната „Адем Јашари“ и им честиташе на војниците формирање на војска.

Од овој месец најдобрите девојки и момчиња ќе имате нов мандат, нова мисија и ќе бидете вооружени сили.Ви честитам на сите. Ќе служите со достоинство, гордост и независност на територијалниот интегритет на Косово и ќе допринесувате за регионалната стабилност-рече Тачи.