Црна Гора испраќа хеликоптер за гаснење на пожарите во Македонија.Таа се приклучи на Србија и на Романија кои исто така испратија свои летала.
Станува збор за хеликоптерот „ Bell 412“. Од овој модел Црна Гора има само три летала и еден веќе е на пат за Македонија.
„ Bell 412“ е американски хеликоптер специјализаран за гаснење пожар, пристап на планински места и спасувачки мисии. Максималната брзина е 230 километри на час, а во зависност од опремата може да чини до 11 милиони долари.
Comments are closed for this post.