Партијата Има таков народ“  на шоуменот Слави Трифонов која како победник на изборите требаше да ја формира новата бугарска влада го врати мандатот.Тоа речиси сигурно значи дека Бугарија ќе оди на нови избори доцна наесен.

Направивме сè што беше во нашата моќ. Ги направивме сите компромиси кон таканаречените ‘протест партии‘ за да ја поддржат владата на Има таков народ како прва политичка сила во државата. Направивме сè што беше во нашата моќ да го смириме народот и да имаме влада, но тоа нема да се случи поради предавството на Демократска Бугарија и Исправи се БГ“, кажа Трифонов.

 

Ова значи дека спорот кој Бугарија го има со Македонија ќе паузира до следната година.Неодмна премиерот Заев изјави дека ја чекаат новата власт во Софија за да продолжат преговорите.

Од договорот со Бугарија зависи дали Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ.