Собранието на Србија ги усвои измените во Кривичниот закон со кој се предвидува доживотен затвор за тешко убиство, силување, обљуба на малолетно лице, трудница и немоќни лица, што е на предлог на фондацијата „Тијана Јуриќ“.

Освен владеачкото мнозинство, „Закнот на Тијана“ со гласови го поддржаа и радикалите, пратениците на Лигата на социјалдемократи на Војводина и уште двајца пратеници од опозицијата.

На гласањето не приуствуваа пратениците кои ја бојкотираат работата на парламентот, иако, според нивните кажувања, со потписи ја поддржале граѓанската иницијатива.

Пратениците усвоија и измени на закнот за кривична постапка. Предвидено е осуденик на доживотен затвор да може условно да се ослободи после издржани 27 години затвор.

Во склад со иницијативата на Фондацијата „Тијана Јуриќ“ предвидено е судот да не може да ослободи осуденик за кривични дела одредени со таа иницијатива, за оние кои се осудени заради убиство на деца, трудници и немоќни лица.

Иницијативата е формирана во чест на Тијана Јуриќ, која што беше киднапирана и убиена на 26 јули 2014 година на 15-годишна возраст.