Поранешниот генерал на НАТО, Весли Кларк кога почнало бомбардирањето врз тогашна СРЈ барал првата бомба да биде пуштена во центарот на Белград. Ова го тврди поранешниот командант на војската Небојша Павковиќ, пренесува „Ало.рс“.

Поточно, тој барал на Теразије да се фрли ракета „Томахавк“ која има голема разорна моќ. Според проценките на воените познавачи, со тоа би имало најмалку 10.000 жртви. За среќа ова барање на Кларк не било прифатено од врвот на НАТО.