Ангел Џамбаски вчера не дојде во Скопје како дел од мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и ЕУ, чиј член е европратеникот Џамбаски.
Џамбаски инаку е на таканаречената„црна листа“ граѓани на Бугари на кои им е забранет влез во земјава поради навреди и омаловажувања кон македонскиот народ. Сепак ова се однесува на приватни посети, но не и како дел на официјални делегации.
„Ако овие луѓе сакаат да дојдат во Македонија како дел од делегацијата на Европскиот парламент , тие се секогаш добредојдени. Меѓутоа, ако доаѓаат приватно без разлика кои се нивните мотиви и без разлика дали се пратеници во Европарламентот, не може да им се дозволи влез“, изјави претседателот Стево Пендаровски.
Џамбаски за недоаѓањето беше правдан со настинка
Comments are closed for this post.