Мајката на 13-годишната Софија, една од десетте жртви на масакрот во Врачар за српски „Курир“ си ја отвори душата. Таа вели дека учлиштето „Владислав Рибникар“ треба да се сруши и да се изгради меморијален центар на негово место.

За мене основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар не е повеќе училиште од 3 мај (кога се случи злосторството). Тој ден беше уништен и ниедно дете не смее повторно да стапне таму да оди на настава, бидејќи тоа не е нормално. Не смее повеќе да биде училиште. На тоа место треба да се изгради меморијален центар.

фото Курир.рс